Свет

Бројот на загинати во земјотресите во Венецуела и натаму расте – повеќе од 1.700 загинати!

Бројот на загинати во земјотресите во Венецуела и натаму расте – повеќе од 1.700 загинати!

Бројот на жртви во двата земјотреса минатата недела во Венецуела се зголеми на повеќе од 1.700 лица, изјави Хорхе Родригез, претседател на Националното собрание на Венецуела.

Стравувања дека бројот на загинати ќе биде уште поголем

Повеќе од 5.000 луѓе се повредени во катастрофата, а над 15.000 останале без своите домови, додаде Родригез во обраќање на државната телевизија.

Првиот земјотрес во Венецуела со јачина од 7,2 степени се случил во средата во 18:04 часот по локално време, на околу 200 километри западно од Каракас.

Потоа следувал втор земјотрес со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала, на 45 километри оддалеченост од првиот, а потоа биле регистрирани и околу 20 последователни потреси.

Земјотресот со јачина од 7,5 степени бил најсилниот во последните повеќе од 100 години, според податоците на Американскиот геолошки завод (USGS).

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни