Свет

Бројот на жртви во експлозијата во зграда во североисточен Мјанмар се искачи на 55

Бројот на жртви во експлозијата во зграда во североисточен Мјанмар се искачи на 55

Бројот на жртви од експлозијата во зграда во село во североисточен Мјанмар се искачи на најмалку 55, а десетици се повредени, изјави денес извор запознаен со ситуацијата на терен.

Изворот за Би-Би-Си изјави дека 25 жени и 30 мажи се убиени во експлозија во зграда во Каунг Тат, село во општината Намкам во државата Шан, околу три километри јужно од границата со Кина.

Селото каде што се случи експлозијата во зградата е контролирано од TNLA, етничка вооружена група која е вклучена во спорадични борби против централната влада на Мјанмар.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни