Бројот прикажан во филмот Don’t Look Up е всушност телефонска линија за секс

Деновиве многу се зборуваше за хит филмот на Нетфликс, Don’t Look Up, а оние кои го гледале филмот забележале дека во една сцена, во која ликот на Леонардо ди Каприо се појавува во владина реклама, прикажан е и телефонски број.

За време на рекламата, тој ја насочува јавноста кон прикажаниот број на кој луѓето можат да се јават за да добијат „душевен мир“ додека кометата, опишана како „планетарен убиец“, се приближува се поблиску до Земјата.

Некои гледачи на филмот се обиделе да се јават на бројот, а од другата страна на линијата им се јавил женски глас кој ги информирал дека добиле телефонска линија.

„Добредојдовте на најжешката телефонска линија во Америка. Момци, згодни дами ве чекаат. Притиснете 1 сега. Дами, за да разговарате бесплатно со интересни и згодни момци, притиснете 2 за бесплатна врска“, вели секретарката.

Луѓето на Твитер почнаа да се шегуваат за ситуацијата.

“Се јавив на бројот што го користеа во филмот. Тоа е услуга за телефонски сексуални разговори. LMAO”, напишал еден корисник.

Сè уште не е познато дали Нетфликс намерно избрал телефонски број за да се прикаже во филмот.