„Брзата“ истрага на спора пруга – трагедијата во Тетово ќе почека по локалните избори?

Пред две недели 14 лица живи изгореа во ковид модуларната болница во Тетово. Причините за пожарот засега непознати. Виновниците исто така. Ден по несреќата, претседателот на државата Стево Пендаровски рече дека истражителите дале куси рокови од 5-6 дена за да се заврши истрагата, а на помо дојдоа и германски експерти. Не 5-6, еве поминува пола месец, а ние сме само во длабока кампања.

Главните актери кои „поднесоа“ оставки од функциите по трагедијата каква не памети независна Македонија, сега се само главни актери во изборната кампања на своите партии.

Со насмевки на лицата, без етика и морал се појавуваат на партиските активности, додека поднесените или како што тие сакаат да речат понудените оставки седат во фиока кај премиерот Зоран Заев, бидејчи моралот мора да ја чека да заврши истрагата, или пак и локалните избори.

Обвинителството во Тетово сè уште прибира докази за причините за пожарот. Од таму велат дека  извештаите од направеното вештачење до сега не се стигнати во ЈО во Скопје.

„Во Основното јавно обвинителство Тетово се прибираат вербални и материјални докази со кои треба да се расчисти настанатиот пожар во Модуларната болница во Тетово. Извештаите од наредените вештачења до овој момент  не се пристигнати во обвинителството“, велат од Основно јавно обвинителство за ТВ21.

Од ЈО во Скопје велат дека до сега ги добиле само извештаите од обдукцијата а на жртвите.

„Во тек е сослушувањето на членовите на семејствата на жртвите, по што ќе бидат повикани и сослушани и други лица кои можат да дадат податоци битни за натамошниот тек на постапката“, додаваат од Основно јавно обвинителство. .