Кифличките се готови за 30 минути.
Состојки:
(за 16 парчиња помали кифлички)
– 250 гр пченично брашно
– 125 гр свежо сирење (може да се користи и покрем, рикота)
– 1 јајце
– 50 мл маслиново масло
– 50 мл млеко
– 3 лажички прашок за пециво
– половина лажичка сол
– семки за посипување
Подготовка:
Во длабок сад измешајте брашно со прашок за пециво, посолете, измешајте и додајте свежо сирење, па повторно сè убаво измешајте.
Во сад се одвојуваат белките (жолчките се оставаат за премачкување), се мати со вилушка, па се додава млекото и маслиновото масло во садот, па се меша убаво.
Додадете го ова во садот со брашното и сирењето, па со раце замесете мазно, меко тесто. Ако тестото се залепи, додадете уште малку брашно.
Расукајте го тестото во круг (35×40). па пресечете го на 16 триаголници. Секој триаголник расукајте го од поширокиот кон потесниот дел (можете и да ги наполните), па ставете ги на плех покриен со хартија за печење.
Намачкајте со жолчка измешана со лажица млеко. По желба посипете со сусам, афион или сончоглед.
Ставете ја во загреана рерна на 180 степени и печете 25 до 30 минути.
Кога ќе ги извадите ролатите од рерна покријте ги со крпа, а кога ќе се изладат префрлете ги во сад со капак за да останат свежи.
