БТВ: Македонија од денеска ѝ плаќа на Бугарија за транзитот на рускиот гас

Бугарија од денеска воведува такса за рускиот природен гас што минува низ нејзина територија до Македонија. Оваа нова давачка, која бугарската влада ја претстави како санкција против Русија, ќе важи и за дистрибуцијата во Србија и Унгарија.

Во меѓувреме властите во Македонија бараат начин како да го заобиколат овој данок за да нема негативни последици за економијата на државата. Таксата е 10 евра за мегават час природен гас.  Бугарија ја донесе одлуката за овој данок на 13 октомври, а опозицијата во Mакедонија е против воведувањето на таков данок, отфрлајќи го со образложение дека е неуставен.

„Таксите што Бугарија ги наплаќа за транзит на руски гас преку Србија, Унгарија и Северна Македонија се национална мерка и затоа Бугарија мора да одлучи каде ќе ги распредели приходите“, велат од ЕК.

„Ние не се мешаме во нивната фискална политика и во воведување дополнителни давачки. Секоја земја има право да воведува внатрешни даноци, но уценувањето на друга земја на ваков начин е неприфатливо и спротивно на принципите на Европската унија. Колку што знам, Бугарија е членка на Европската Унија и овие механизми мора веднаш да се исфрлат, не само за нашата земја, туку и воопшто, бидејќи се неприфатливи во Европската унија“, велат од Министерството за економија на Македонија.

Бугарските медиуми пишуваат дека Македонија годишно троши околу 450 милиони кубни метри природен гас, потенцирајќи дека и греењето во Скопје е на природен гас.