Македонија

Бубевски: СЈО го држат во вештачка кома, во моментов „замрзнати“ преговорите меѓу власта и опозицијата

Во моментов нема преговори помеѓу власта и опозицијата за Законот за јавно обвинителство, со кој треба да се одреди судбината на СЈО. Сепак, заменик министерот за правда Оливер Ристовски не ја исклучува можноста во текот на летото да има средби. Се надева дека до септември ќе најдат заеднички јазик со ВМРО-ДПМНЕ околу разликите. Но, во септември истекува мандатот на Катица Јанева, па се поставува прашањето кој ќе раговори со обвинителството. Ристовски вели дека со новиот закон е предвидено изборот на сите обвинители, па и оние на СЈО да ги врши Советот на јавни обвинители, а Катица Јанева нема да биде спречена по ниту една основа повторно да конкурира на конкурсот за позиција специјален обвинител.

Една од идеите е по истекот на мандатот Јанева да ја извршува функцијата како вршител на должност.  Гаврил Бубевски од СЈО вели дека сѐ уште не е обезбедено мнозинство гласови за носење на законот.

Универзитетскиот професор, Гордан Калајџиев, вели дека правосудниот систем во земјата е поделен меѓу Врховниот суд и СЈО, додека правосудните прашања чекаат одлуки од политиката.

Новиот закон предвидува именувањето на сите обвинители, вклучувајќи ги и оние на СЈО, да оди преку Советот на обвинители. Преговорите околу судбината на СЈО се во застој веќе неколку недели. Барањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ се: јавниот обвинител да биде избран по предлог на опозицијата, СЈО да ги заврши судските предмети отворени до 30.06.2017 година, како и да се формира Анкетна комисија во Собрание, кој ќе ја оценува работата на СЈО. Од партијата настојуваат на чело на СЈО да застане нов обвинител, а не Катица Јанева.

РЕПОРТЕР: ВАЉМИРА ЗЕНДЕЛИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни