Македонија

Бучковски ќе биде специјален претставник на македонската Влада за Бугарија

Поранешниот премиер и министер, Владо Бучковски, ќе биде специјален претставник на македонската Влада за Бугарија, потрдуваат од Владата.

Владата предмалку го именува Бучковски на оваа позиција. Поранешниот премиер и министер за одбрана, како и некогашен лидер на СДСМ, во последно време, е мошне често присутен и на медиумите во Бугарија, каде што ги пренесува своите ставови во однос на надминувањето на недоразбирањата со Северна Македонија.

Стратешка грешка е ветото на Бугарија кон Северна Македонија за почеток на преговорите за членство во ЕУ, изјави во ноември Бучковски, во специјалното интервју за бугарската ТВ Европа.

„Се надевавме дека европска Бугарија ќе го европеизира Балканот, но за жал, видовме балканизација на Европа. Говор на омраза во Македонија има, но тој не доаѓа од владејачката партија, туку од опозицијата и нејзините медиуми“, истакнал Бучковски.

Бучковски во последно време, е мошне често присутен и на медиумите во Бугарија, каде што ги пренесува своите ставови во однос на надминувањето на недоразбирањата со Северна Македонија.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни