ВИДЕО Бугарија на осми избори од 2021 година: Криза на довербата и огромни трошоци

Додека граѓаните на Бугарија денес излегуваат на гласање, државата се соочува со суровата реалност на својата политичка нестабилност. Ова се осмите по ред парламентарни избори од 2021 година наваму, процес кој веќе не е само политички предизвик, туку и огромен финансиски товар за буџетот.

Според новинарот Румен Скрински, проценките се дека само за овој изборен циклус ќе бидат потрошени помеѓу 65 и 80 милиони евра. Овие средства се издвојуваат во ситуација кога земјата веќе четири месеци нема редовен буџет и функционира со пренесени средства од минатата година.

„Се наоѓаме во обстановка на беспрецедентна криза и разрушено доверие, како кон политичката класа, така и кон институциите,“ вели Скрински, додавајќи дека дополнителен притисок врз џебот на граѓаните прави и силната инфлација која веќе се чувствува во продавниците. Прашањето на денот не е само кој ќе победи, туку дали по 19 април партиите ќе најдат начин конечно да седнат на иста маса и да формираат стабилна влада, бидејќи досегашната социологија покажува дека бугарскиот народ на никого не му дава целосен мандат.