Македонија

Бугарија не може да постави нови услови додека траат преговорите, тврди Османи

Бугарија не може да постави нови услови додека траат преговорите, тврди Османи

За министерот Бујар Османи резолуцијата во Бундестагот Османи е само симболична потврда на тоа што формално е гарантирано во преговарачката рамка за македонскиот идентитет и според него, нема потреба од било какви резолуции, посебно не откако се потпиша договорот со Фронтекс.

– Да се заблагодарам на сите сите партии во Бундестагот за иницијативата. Германија е еден од најсилните и најконзистентите поддржувачи на Македонија, а овие резолуции се само симболична потврда на тоа што формално го има во преговарачката рамка. Инаку и без тие резолуции идентитетот во ЕУ е загарантиран и како стануваме членка тој само се провомовира се повеќе и повеќе.

После потпишување на Фронтекс нема потреба од резолуции, но опозицијата ја злоупотребува темата и ги плаши граѓаните, дури одбиваше да изгласа за да не ги потсетиме. После Фронтекс не треба никаква резолуција, опозицијата сами ги плаши граѓаните во услови кога тоа прашање е решено еднаш засекогаш – додаде тој.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи тврди дека Бугарија нема да поставува нови услови во текот на преговорите и дека нејзините барање се вметнати преговарачката рамка, па побара оваа тема да се затвори во јавноста.

– Бугарија не може да постави нови услови затоа што се што има е во преговарачката рамка. Затворена е рамката и во неа има три патокази, а во едниот од нив има акциски план за малцинства и тоа е единствениот услов кој е влезен во бенчмарковите за отварање на поглавјата.
Се разбира дека договорите со Грција и со Бугарија се во рамката во делот каде што добрососедските односи се проценуваат, но во патоказите е само акцискиот план. Ние се надеваме дека со Бугарија ќе изградиме односи каде што добрата волја ќе го води процесот и дека нема двете страни да бидеме со калкулатор во рака кој што сработил – истакна министерот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни