Бугарија не беше примена во Шенген. Ова стана јасно по состанокот на Советот на ЕУ за правда и внатрешни работи.
„За“ оваа одлука се изјаснија 25 министри, двајца се „против“. Романија исто така не е одобрена.
Хрватска е одобрена и влегува во Шенген зоната од 1 јануари 2023 година.
Потсетуваме, дневниот ред на состанокот беше поделен на два – општо гласање за Бугарија и Романија и посебно за Хрватска. Холандија беше скептична за влезот на Бугарија во Шенген, а Австрија и за Бугарија и за Романија.
Наспроти ова, ЕП и ЕК постојано повикуваа на истовремено и итно прифаќање на трите земји, но тоа не се случи.