Бугарија пишува меморандуми – Османи вели: Не е потребен сериозен чекор против ова

Министерот за надворешни работи Бујар Османи не смета дека треба да преземе сериозни чекори за бугарскиот меморандум. Тој на прес конференцијата со својот албански колега Гент Цекај зборуваше како треба да се одвиваат преговорите во добрососедски дух, но скоро ништо не рече што тој ќе преземе. Дали ќе побара средба со официјална Софија и земјите членки на Европската унија или пак ќе остави Бугарија силно да излобира барањата кои задираат во идентитетските прашања да добијат поддршка од другите земји на Унијата. За него меморандумот е дел од комуникацијата на земјите членки на ЕУ, а ние не сме дел од таа комуникација.

Се вчитува...

„Бугарија даде унилатерална забелешка искажувајќи ги своите ставови, меѓутоа ја одобри одлуката за започнување преговори чиј дел е и одржувањето на Меѓувладината конференција. Не мислам дека треба да наметнеме таква негативна динамика на притисоци. Да сметам дека во текот на предизборието и поради Ковид имаше одредено успорување и намалување на интензитетот на комуникацијата и секогаш кога комуникацијата паѓа се јавуваат предрасуди и се јавуваат различни толкувања“, истакна Бујар Османи.

Од СДСМ велат дека со Бугарија имаме добри односи и дека идентитетските прашања ни се признаени од цел свет. Билатералните спорови нема да бидат пречка за почеток на преговорите, уверува Костадин Костадинов.

„Јас искрено сум убеден дека камен на сопнување во нашиот интегративен пат кон Европската унија нема да бидат билатерални спорови, во случајот со Република Бугарија“, посочи Костадин Костадинов.

Но Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ вели дека македонското Собрание треба да изготви Декларација која ќе се спротивстави на овој меморандум.

„Мислам дека Собранието би било добро како контраодговор на бугарското национално собрание да усвои една заедничка декларација во која што идентитетот на македонскиот народ посебноста на македонскиот јазик и сите други културни и национални обележја би биле заеднички потврдени“, вели Антонио Милошоски.

Ден по обелоденувањето на документот, бугарските и македонскиот медиуми го објавија во целост, во кој на 6 страни се наведени барања Македонија да се откаже од македонското малцинство во Бугарија, се наведува дека Македонците како нација се проект на Тито, а македонскиот јазик не постоел се до тори август 1944 година и дека тој е бугарски дијалект.

.

Извор: ТВ21