Балкан

Бугарија преку ЕУ бара Македонија да ги гони кривично тие што шират омраза кон Бугарите

Бугарија преку ЕУ бара Македонија да ги гони кривично тие што шират омраза кон Бугарите

Бугарија до Советот за општи работи на ЕУ поднесе декларација за потребата од ефективно гонење и осуда за злосторства од омраза од страна на властите во Северна Македонија. Советот за општи работи ги прифати заклучоците на бугарската страна.

Темата е дел од владеењето на правото и основните слободи, кои се клучен критериум за напредок во процесот за влез во Европската Унија, се нагласува во декларацијата. .

„Бугарската заменик министерка за надворешни работи Велислава Петрова изрази сериозна загриженост поради зголемениот број напади мотивирани од омразаа насочена против државјани на Северна Македонија со бугарски идентитет , во врска со што беше презентирана и предметната декларација“, пишува бугарското Дарик радио.

Советот за општи работи ги прифати заклучоците на бугарската страна за политиката на проширување на ЕУ, чиј дел е и поднесената декларација.

Многу од клучните иницијативи во оваа работна програма ги одразуваат и резултатите од Конференцијата за иднината на Европа. Советот ја одобри Заедничката декларација на Советот, ЕК и ЕП за законодавните приоритети на ЕУ за 2023-2024 година. Лидерите на трите европски институции се очекува да ја потпишат Заедничката декларација на 15.12.2022 година.

„Потегот доаѓа откако Беа нападнати два бугарски културни центри во Северна Македонијасамо неколку дена откако Северна Македонија и Бугарија се договорија да работат на смирување на тензиите“, додава Дарик радио.

Во јули беше постигнат договор меѓу двете земји, со кој и се овозможи на Северна Македонија да го започне процесот за пристапување во ЕУ, откако Скопје се согласи да воведе уставни измени во врска со промената на статусот на бугарската малцинство. Но, промените во Уставот на Северна Македонија бараат двотретинско мнозинство во парламентот, што во моментов не е можно, поради што нема напредок во процесот на пристапување.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни