Балкан Свет

Бугарија прогласи 10 руски дипломати за персона нон грата

Бугарија прогласи 10 руски дипломати за персона нон грата

Бугарското Министерство за надворешни работи соопшти дека за „персона нон грата“ прогласи 10 дипломати кои работат во руската амбасада во Софија.

Во писменото соопштение на Министерството за надворешни работи, беше објавено дека руските дипломати акредитирани во земјава добиле 72 часа да ја напуштат Бугарија.

Бугарскиот заменик-министер за надворешни работи Васил Георгиев ја повикал руската амбасадорка Елеонора Митрофанова во министерството и дала нота за протерување на дипломатите.

Од МНР изјавија дека дипломатите што треба да бидат депортирани работат во спротивност со Виенскиот договор кој се однесува на дипломатските односи.

Како дел од тековниот „лов на шпиони“ меѓу Бугарија и Русија во последниве години, бројот на дипломати што Бугарија ги протера од 2019 година „под обвинение за шпионажа“ достигна 20.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни