Балкан

Бугарија протерува 70 руски дипломати – затворени двата генерални конзулата

Бугарија протерува 70 руски дипломати – затворени двата генерални конзулата

Конзуларната служба на руската Амбасада во Бугарија и Генералниот конзулат во Варна ја прекинаа својата работа. Исто така денеска и Генералниот конзулат во Русе ќе престане со работа и ќе биде затворен еден месец.

Филип Воскресенски, советник во руската Амбасада во Софија, за Тасс изјави дека секој кој претходно контактирал со руските конзулати во Бугарија може да се јави во амбасадата кога конзулатите ќе продолжат со работа.

Лидерката на Бугарската социјалистичка партија, Корнелија Нинова, во објава на Фејсбук напиша дека одлуката за протерување на 70 руски дипломати е чин без преседан во бугарската дипломатија, што според неа ќе има долгорочни последици. Нинова изјави дека категорично е против ваквата одлука.

Владислав Панев од Демократска Бугарија рече дека ја поздравува одлуката за влез во Советот на министри пред состанокот на владејачката коалиција во Бугарија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни