Македонија

Бугарски државјанин по грешка вклучен на листата на повредени лица од несреќата на автобусот на „Беса транс“

Бугарскиот државјанин Сади Салех по грешка бил вклучен на листата на повредени патници од несреќата на автобусот на „Беса транс“, што се случи на автопатот „Струма“ во Бугарија во вторникот во раните утрински часови, објави бугарскиот весник „24 Часа“.

Салех се обратил до редакцијата на „24 Часа“, објаснувајќи дека нема никаква врска со несреќата на автопатот „Струма“. Салех изјавил дека е државјанин на Бугарија и дека во саботата бил примен на Одделот за трауматологија на Ургентната болница „Пирогов“ во Софија, поради скршеница на раката.

Бидејќи неговото име се најде на листата на повредените патници од несреќата на автобусот на „Беса транс“, излегува дека од клиниката по грешка го внеле на тој список, наведува „24 Часа“, додавајќи дека Салех веќе е отпуштен од болницата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни