Бугарското собрание ја симна точката за Македонија од дневниот ред

Бугарските пратеници, сепак, денеска нема да дебатираат за односите со Македонија поради тоа што министерот за надворешни работи Николај Милков не дојде во Народното собрание.

Расправата за Македонија и, како што беше најавено, последниот физичкиот напад врз бугарски државјанин во Охрид, е тргната од дневниот ред на денешната собраниска седница.

Потпретседателот на бугарскиот парламент Росен Жељасков на почетокот на седницата соопшти дека добиле допис од МНР дека не пристигнал во Собранието поради службено патување на Николај Милков надвор од државата.

  • Ознаки
  • 1

Поврзани вести

spot_img

Најважното