Македонија

Бујар Османи повторно во инспекција – бара отчет од Бучи и Бектеши за one stop shop со Албанија

Вицепремиерот Бујар Османи денеска во контрола на новиот граничен терминал меѓу Северна Македонија и Албанија. Вели дека овој проект се спроведува преку ИПА програмата, додавајќи дека даночните обврзници на Европската унија ѝ даваат на Северна Македонија околу 1.2 милијарди евра како неповратни средства од 2007 до 2020 годин

Османи се упати кон терминалот. Пред да пристигне му се јави на заменик-директорот на Царинската управа, Ирфан Бучи, за да дознае до каде е проектот.

 Османи разговараше и со министерот за економија, Крешник Бектеши, кој пак го увери својот колега дека е формирана работна група со албанските власти и дека се очекува финализирање на проектот.

Пред неколку дена Бујар Османи беше во инспекција и на домашните институции , со цел да види како и дали се спроведува Законот за јазици. Тогаш разговараше со директорот на Агенцијата за администрација од кој побара таблата на институцијата да биде сменета и да биде поставена нова на која ќе фигурира и албанскиот јазик.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни