Спречен е обид за атентат на украинскиот претседател Володимир Зеленски од страна на елитна група чеченски паравоени сили, соопштија украинските власти.
– Обидот за атентат беше спречен – изјави Алексиј Данилов, секретар на Советот за национална безбедност и одбрана, пренесува британски Телеграф.
An assassination attempt on Volodymyr Zelenskyy, prepared by an "elite group of Kadyrovtsi (Kadyrov's thugs)," has been prevented in Kyiv Oblast, @NSDC_ua secretary Oleksiy Danilov said. They were terminated.
— Euromaidan Press (@EuromaidanPress) March 1, 2022
Како што истакна Данилов, „елитната група“ на Чеченија пристигнала во Киев за да го убијат украинскиот претседател, таа се состоела од две единици.
Според британскиот весник, засега не е јасно колку се доближиле до Зеленски.
– Двајца Чеченци загинаа, шестмина од нив се повредени – изјави украинскиот функционер.
Не е јасно дали тие жртви се поврзани со истите настани опишани од Данилов, кој на украинската телевизија изјави дека чеченските единици кои „дојдоа да го убијат нашиот претседател“ се елиминирани.
Според американските разузнавачки служби, руската цел била да се „обезглави“ украинската влада со отстранување на нејзиното раководство. Зеленски во видео опиша како „непријателот го означил како цел број еден“.
Рамзан Кадиров, лидерот на Чеченија, во вторникот изјави дека Чеченци биле убиени во инвазијата на Москва на Украина. Кадиров, сојузник на Кремљ, го поддржа нападот на Владимир Путин врз Украина, испраќајќи ги неговите борци во земјата.
Кадиров го доби прекарот „лутото куче на Путин“ од западните медиуми поради неговата посветеност на рускиот лидер.