Вчера (23 август) во 14 часот и 35 минути, 48-годишниот гостиварец И.Е. пријавил дека околу 12 часот во гостиварската Општа болница, додека чекал ред кај матичен лекар, физички бил нападнат од едно лице.
Според пријавеното, напаѓачот користел и метален предмет.
Се расчистува и документира случајот.