Manpower Чешка во соработка со Вработување.ком, за потребите на фабриката Procter & Gamble која вработува 95 илјади работници ширум светот објавува оглас за оператори во производство кои ќе работат во Република Чешка.
Работата се состои од следење на производната линија и линијата за пакување, следење на квалитетот на производите, поставување и редење на опрема за работа и интервенирање при евентуален застој на производната линија.
Потребни услови:
– минимум средно образование
– возраст над 18 години (мажи и жени), добредојдени се и брачни парови
– важечки македонски пасош
Компанијата нуди:
– месечна нето плата од 750 до 810 евра (плус дополнителен надомест за 2-ра и 3-та смена)
– обезбедено сместување во близина на работно место (со вклучени режиски трошоци)
– обезбеден оброк во кантина (можност за избор од 3 понудени јадења)
– доплата за прекувремена работа и работа на празник
– платен одмор од 25 дена
– обезбедена опрема (облека, обувки, заштитна опрема)3
Заинтересирани сте?


