Пред 80 години македонскиот народ организирано застана на страната на прогресивниот антифашистички свет и се избори за својата слобода за самостојноста и самобитност за признат кодифициран македонски јазик.
Напредните и демократските пориви продолжија и во минатите децении. Остануваме заедно со напредниот свет во НАТО затоа што таму се почитуваат индивидуалните и националните права, затоа што таму слободно можеме да кажеме ние сме Mакедонци со своја сегашност и иднина, рече во својот говор потпретседателката на одборот на Сојузот на борците, Грујовска.
Ни оставија завет без оглед на сите историски текови турбуленции во регионот и во светот секогаш да бидеме на страната на правдата наспроти неправдата, истакна потпретседателот на Собранието, Мисовски. Благодарение токму на внатрешно единство и во сојуз со клучните земји, тие се изборија за слобода и државност.
Пред присутните се обрати и градоначалникот на Скопје, Шилегов тој го истакна заедништвото како главен фактор за растежот на градот во модерна европска престолнина. А тоа е и двигател напорите за силно Скопје, за европско Скопје, додаде Шилегов.
Фиљана Кока