Четири летови веќе реализирани, денеска уште еден за евакуација на македонски граѓани од Дубаи

Денеска ќе се реализира уште еден лет од Дубаи кон Скопје, како дел од активностите за евакуација на македонските државјани кои се наоѓаат во Обединетите Арапски Емирати.

Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија информираат дека евакуацијата се спроведува во координација со дипломатско-конзуларните претставништва, со цел безбедно враќање на граѓаните во земјата.

Воедно, од Амбасадата на Северна Македонија во Абу Даби апелираат до македонските граѓани кои имаат приоритетна и неодложна потреба од евакуација да се пријават во амбасадата во најкус можен рок. Евидентирањето може да се направи телефонски на бројот +971 56 441 7532 или преку електронска пошта на адресата abudabi@mfa.gov.mk.

Според официјалните податоци, досега се реализирани четири организирани летови за евакуација на македонски државјани од регионот на Блискиот Исток, при што во земјава се вратени вкупно 458 патници.