Чачак завиен во црно!

Четворица млади момчиња на возраст од 18 до 20 години загинаа во страшна сообраќајна несреќа кај Чачак, кога нивниот автомобил прво удрил во дрво, а потоа се забил во коритото на реката Каменица!
Младите се враќале од прославата на својот 18 роденден, кога возачот изгубил контрола над џипот на озлогласената остра кривина.
Загинаа возачот Огњен Васиљевиќ (19), совозачот Иван Станчиќ (19), како и нивните сопатници Никола Зекавица (18) и Лука Мицовиќ (20).
Жителите на селото Јанчиќ останале шокирани од глетката, бидејќи од вегетацијата во мала река ѕиркало згмечено возило со крв на стаклото. Се сомнева дека возачот бил под дејство на алкохол, а младите се здобиле со смртни повреди при превртување на возилото во каналот