Македонија

„Четири пати за иднина, еднаш за минато разговараме со Бугарија“, рече Бујар Османи

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на брифинг со новинарите рече дека со новиот пристап на преговори со Бугарија, агендата е четири пати да се разговара за иднината, а еднаш за минатото.

Османи потенцираше дека секоја од четирите новоформирани комисии плус историската комисија до мај секоја поединечно ќе се состане по три пати.

На 28-ми во Скопје, ќе заседава историската комисија, а претходно во Софија и Скопје ќе работат комисиите за евроинтеграции, дигитализација и зелена агенда, комисијата за образование и култура, историската комисија.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни