Свет

Четворица приведени во Брисел под сомнение за корупција во круговите на Европскиот парламент

Четворица приведени во Брисел под сомнение за корупција во круговите на Европскиот парламент

Четворица Италијанци, меѓу кои и поранешен пратеник во Европскиот парламент од групата на социјалистите и демократите и соработник во Европскиот парламент, се приведени во Брисел , јави БТА.

Тие се осомничени дека биле вмешани во криминална група која влијаела на носење политички и економски одлуки.

Според локалните медиуми, уапсените биле финансирани од Катар и ќе одговараат за корупција и перење пари.

Претресени се 14 адреси во главниот град на Белгија, а другите двајца се приведени шеф на Меѓународната конфедерација на синдикати и директор на невладина организација.

Инспекторите пронашле половина милион евра во кеш. Истрагата започна во јули.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Стефанија Кузмановска и Тодор Конески 10.06.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни