Поврзи се

Македонија

Читалните во библиотеката „Браќа Миладиновци“ ќе работат од 1. септември под посебни протоколи

Published

on

Од 01.09.2020 година читалните во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ќе работат од 8 до 19 часот, од понеделник до петок. За работа на читалните ќе важи посебен протокол, за да се овозможи заштита на корисниците и на вработените од ширењето на коронавирусот.

-Текстот продолжува по рекламата-

Ве молиме, внимателно прочитајте го протоколот за работата на читалните, што е во продолжение, и заштитете се.

Како подготовка пред отворањето на читалните во целиот објект се отстрануваат сите места за седење кои се надвор од читалните; на јасно видливи места се истакнуваат информации според кои – се забранува присуство во другите простории на објектот каде што се наоѓа читалната (хол, аула, простории за одмор); предмети (чанти, ранци) не смеат да се оставаат на подот; вратите и прозорците не смеат да се затворат; храна и пијалаци не смеат да се оставаат на масите; означени насоки за движење во објектот каде што се наоѓа читалната; задолжително носење маска за лице во просториите на читалната; масите и столчињата се наоѓаат на растојание од најмалку 1,5 до 2 метра и е ограничен

Loading...

бројот на посетители во читалните (во читалната 1 на прв кат има 30 седишта, а во читалната 2 на втор кат – 25 седишта); вратите и прозорците се оставаат отворени, истите се фиксираат; пред влезот се остава сунѓер со средство за дезинфекција на обувките; пред влезот на читалната се поставува средство за дезинфекција на рацете; секое место за седење се нумерира; автоматите за самопослужување на пијалаци и храна не се во функција.

За влез и излез од објектот важат следните протоколи – пред секое влегување се дезинфицираат рацете; лицето задолжено за прием на студентите и распределување на местата во читалната задолжително носи ракавици, маска и очила/ визир за заштита; пред влегувањето во читалната, се мери телесната температура на корисникот; на пријавница се покажува членска карта и се добива соодветно место за седење; се евидентираат времето, име, презиме и податоци за контакт; странката одговара на прашања дали бил/а во контакт со лице заразено со SarsCoV-2 и дали има забележливи симптоми; напуштање на местото за седење се најавува на пријавница.

За одржување на хигиената во објектот, санитарните простории ќе се дезинфицираат на секои 2 часа; по напуштање на местото за седење тоа ќе се дезинфицира и ќе се распределува по изминати 10 минути.

Централните вентилациски системи, вентилатори, клима уреди и слично не се ставаат во употреба; се внимава на редот, мирот и одржувањето дистанца надвор од објектот; се работи според претходно утврдено работно време (од 8 до 19 часот од понеделник до петок, сабота и недела читалните не работат); списокот со претходно запишани лица коишто ја посетиле читалната и нивните информации

за контакт се чува две недели.

.

Извор: ТВ21

Loading...

Совет за етика во медиуми

4NEWS.mk

Димитров на средби во Брисел

4NEWS.mk

Рот: Бугарија да не поставува нови услови за преговори

Македонија

„Беса“ цели да формира парламентарна група – никој не потврди дека ќе и помогнат со пратеници

4NEWS.mk

Обвинителството чека пријава за кражбата на починат пациент во Струмица

Македонија

Граѓански протест за затворање на депонијата „Русино“

4NEWS.mk

Филипче најавува нови рестриктивни мерки: Маска на отворено и кога сте сами, ограничен број лица на маса во кафеана

Македонија

„Родителите да отстапат место во градинките на оние чии деца нема кој да ги чува“, вели Шахпаска

4NEWS.mk

Предвреме ќе се исплатат септемвриските пензии

Македонија

Разногласие кај политичарите околу етничките вработувања – Бектеши апелира политичарите да ја прочитаат владината програма

4NEWS.mk

Владата даде зелено светло за изградба на пруга до Албанија

4NEWS.mk

ЕКСКЛУЗИВНО: Бугарскиот меморандум во целост објавен

Македонија

ВИДЕО: Еве како изгледаше синоќешното апсење на дилери на дрога во Кичево

Македонија

Албанскиот јазик отстранет од меморандумите! Царовска вели нема промени, но соопштенијата се испраќаат само на македонски

4NEWS.mk

СДСМ: Нема да коментираме ставови од земја каде има политичка дестабилизација

Македонија

Се огласија од иницијативниот одбор за вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски е само лош глумец

Македонија

ВИДЕО: Полиција околу зградата во која живее Гордана Јанкулоска, се проверува секое возило

Македонија

Груби: ТАВ Македонија нема да гради аеродром во Штип, средствата ќе се пренасочат за подобрување на животната средина

Македонија

Касами: Приватните компании треба да спроведат двојазичност, бидејќи дел од дипломираните Албанци не говорат добро македонски

Македонија

По барањето на Бугарија – Џафери: Идентитетот на граѓаните е потврден

Македонија

Јанкулоска: Нема потреба од спектакли и опсада на зградата во која живеам, јас сум дома, никаде не бегам

Македонија

Во градскиот парк во Кавадарци од денеска и официјално започна со работа регионален вински музеј

Музика и Филм

Уште една „ приказна“ за сите нас, Васил Гарванлиев ја промовираше новата песна

Музика и Филм

Со ангелски глас и песна во модерен ритам Сања Димова ќе ја освојува домашната сцена

Македонија

Лифтовите потенцијални жаришта на коронавирусот – како да ги направиме безбедни?

Македонија

Венко Филипче тројно погледан на ТВ21 од Канал 5 телевизија

Македонија

Соопштение за мерките на ВРСМ за првата фаза на олабавување на вонредните околности

Македонија

ТВ21 ЕКСКЛУЗИВНО: Потврден говедски коронавирус во Македонија, човек може да го зарази својот миленик, но не и обратно

Музика и Филм

„THE ELEPHANT“ прв македонски краткометражен филм со ирски и старо англиски акцент

Музика и Филм

Македонец во Словенија направи песна репрезент за градот

Македонија

ВИДЕО: Силна експлозија во фабрика во Битола – на терен противпожарни екипи

WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com