Македонија

„Членството во НАТО го елиминира стравот од распаѓање на државата“, рече Тачи

Мендух Тачи вечерва на гостувањето во ТВ21 на дебатна емисија за изборите, рече дека членството на земјата во НАТО ќе го „избрише“ стравот од распад на државата.

-Ако пред 20 години македонскиот народ имаше екстремна фрустрација дека ние Албанците едвај го чекаме моментот за пристапување кон нашите стратегии за креирање заедничка држава, за обединување со Албанија и Косово, јас мислам дека со членството на Македонија во НАТО, веќе се елиминирани овие стравови и фрустрации. И кај Македонците… Ова е аргументот кој јас јавно ќе го искористам со моите партнери, со следната македонска опозиција и ќе им кажам – овој филм веќе нема да се гледа. Ние сме одредени да живееме во оваа држава и нашите барања не треба да се сфатат како опасност од распаѓање на Македонија или како опасност за оспорување на идентитетот на Македонците.“, изјави Тачи.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни