Темната верзија на чоколадото Toblerone се повлекува од продажба во Велика Британија по речиси шест децении, соопшти компанијата Mondelez.
Црното тоблероне од 360 грама повеќе нема да биде достапно на британскиот пазар, што предизвика разочарување кај голем број љубители на оваа популарна чоколада.
Од компанијата нагласуваат дека овој потег е дел од нивното постојано прилагодување на нивниот асортиман во согласност со промените во преференциите на потрошувачите.
Тоблероне стана икона меѓу чоколадите, а темната верзија со 50 проценти какао беше лансирана во 1969 година, освојувајќи многу фанови ширум светот.
Оригиналната верзија на чоколадото Toblerone е создадена далечната 1908 година, а во текот на децениите, брендот помина низ неколку промени во пакувањето и составот, секогаш стремејќи се да ги задоволи барањата на пазарот.
