Куќата која со денови чудесно се спротивставуваше на лавата која пак уништи стотици други околу неа на малиот канариски остров Ла Палма, подлегна на разорната природа, објавија шпанските медиуми.
Вулканот, на јужниот остров на планинскиот венец Камбре Виеја, еруптираше на 19 септември за прв пат по 50 години.
Минатата недела, фотографиите и видеата покажаа како лав тече околу куќа во селото Ел Параисо (Рај). Куќата припаѓала на пензионирана двојка од Данска, Рајнер Коку и Инге Бергедорф, објави шпанскиот весник Ел Мундо.
Тие не го посетиле островот од почетокот на пандемијата на коронавирус.
„Се уништено. Изгубивме се на нашиот сакан остров. Многу е тажно. Ние сме многу вознемирени”, истакна двојката за Ел Мундо Кока.
Доцна во вторникот, лавата стигна до морето, слегувајќи најмалку 100 метри по стрмниот брег и испуштајќи отровни гасови.
„Лавата стигна до морето“, твитнаа службите за итни случаи на Канарските Острови, предупредувајќи ги луѓето да бараат безбедност.
Фотографиите објавени од Шпанскиот институт за океанографија покажуваат портокалова блескава маса на лава што тече како водопад во Атлантскиот Океан. Утрото, огромни облаци од испарување на морската вода беа видливи како пирамида од лава формирана долж брегот.
Според процените на регионалната влада, потоците од лава уништија околу 600 куќи, раселија илјадници луѓе од своите домови и предизвикаа штета од неколку стотици милиони евра.
Лавата уништува економски важни плантажи со банани во Ла Палма, кои се директен или индиректен извор на приход за околу половина од населението на островот.
Тековите на лава, исто така, ги уништија оранжериите во близина на брегот и ги оштетија нивите, што ги прави необработливи во наредните децении.
