Во пожар што целосно зафати семејна куќа во Сента, Србија, огнената стихија проголта речиси сè што сопствениците создавале. Сепак, од урнатините е извлечено нешто што не се мери со пари, туку со верба – икона на Света Марија.
Иако материјалната штета е огромна, за семејството остана симболот на надежта, благодарение на храброста и присебноста на локалните пожарникари.
Додека траела битката со пламените јазици и пребарувањето на објектот, пожарникарот Ненад Матијашевиќ, заедно со својот колега од Противпожарната единица во Сента, направил херојски гест. Тој успеал да ја пронајде и неоштетена да ја изнесе иконата на католичката светителка, која за сопствениците на домот претставува најголем симбол на верата.
Овој настан потсети дека во моментите кога се борат со оганот, пожарникарите често спасуваат многу повеќе од обични објекти.
„Тие ги спасуваат спомените, верата и она што на луѓето им значи најмногу. Ова не е само обична интервенција, ова е повик и доказ за човечноста и хуманоста на пожарникарите“, коментираат сведоците на настанот.
Иконата сега останува како единствена светла точка и утеха за семејството кое го загуби својот дом.
