Македонија

Чулев: Мицкоски и Андоновски ја признаа грешката

Наќе Чулев, министерот за внатрешни работи истакна дека тоа што лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и неговиот советник Љупчо Андоновски, се повикани на разговор во полициска станица, зборува за неселектитен пристап.

-Мојот советник и лидерот на опозицијата прекршиле уредба на владата со која се забранува престој во затворен објект, тие ја признаа грешката заради незнаење и во координација со JO, МВР ги повика на разговор. Во иднина ќе бидат повикани сите кои ќе се огрешат пред законот, рече Чулев.

На прашањето дали Андоновски ќе биде разрешен, министерот Чулев рече дека ќе почека прво да заврши постапката.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни