Македонија

Чулев: Поранешниот директор на РЕК Битола и потесното раководство сториле злоупотреба на службената положба

Наќе Чулев, техничкиот министер за внатрешни работи беше во работна посета на Битола, каде што беше и во РЕК Битола. Тој истакна дека до МВР дошла пријава дека поранешниот директор на РЕК ја злоупотребил службената положба и изнуда од правно лице кое на незаконски начин за јавна набавна склучило договор за извршување услуги со РЕК.

„Денес бев во работна посета на Битола. Во рамки на изјавата за медиумите ја информирав јавноста за постапувањето на Одделот за организиран криминал по пријава која се однесува на претходниот директор на РЕК Битола, а сегашен директор на ЕСМ, а истовремено и висок функционер на СДСМ.

Согласно пријава доставена до Министерството за внатрешни работи, претходниот директор и потесното раководството на РЕК Битола сториле кривично дело злоупотреба на службената положба и изнуда од правно лице кое на законски начин врз основа на законска постапка за јавна набавка склучило договор за извршување услуги со РЕК Битола.

„Неоснованите обвинувања од страна на министерот Наќе Чулев се уште еден доказ за злоупотреба на полицијата за партиско-политички цели на ВМРО – ДПМНЕ. Ги отфрлам неговите обвинувања искажани денес во Битола и тие не се точни. Помина времето на МВР – ВМРО кога се правеше хајка и се оцрнуваа за нив неподобните. Кога министерот Наќе Чулев сака да бара криминал тогаш му препорачувам да се занимава со времето на владеењето на Христијан Мицковски како директор на АД ЕЛЕМ, сега АД ЕСМ и да ги истражи тендерите за набавка и увоз на електрична енергија по енормно високи цени, и ангажманите на неговите пријатели за консултанти како адвокати.За ваквите неосновани обвинувања и денешната изјава ќе поднесам кривична пријава против него“, изјави Ковачевски.

За конкретниот случај од страна на Одделот за организиран криминал доставено е известување до Основото јавно обвинителство кое треба да даде насоки за целосно расчитување на овој случај. Го повикувам ОЈО да постапи по известувањата доставени од наша страна, а во насока на целосно расчитување на случајот.“, напиша Чулев.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни