Чувар во зоолошката градина од Јамајка испровоцирал лав кој во лутина му го одгризал прстот.
На интернет кружи вознемирувачко видео на кое се гледа како лав одговорил на „провокациите“ на чувар на зоолошката градина од Јамајка и му го скинал прстот.
Имено, чуварот му ја турнал раката во металниот кафез, провоцирајќи го животното, а на видеото се гледа како ги допира забите и го штипка по образите. Лавот, кој во еден момент очигледно бил уморен од „играњето“ со него, го фатил за рака чуварот, кој потоа врескал.
Во следните неколку секунди, чуварот со сите сили се туркал за да се обиде да му ја извади раката од вилицата на животното, а зад него имало посетители кои наместо да помогнат го снимиле целиот настан.
Видеото се појави на каналот на Јутјуб наречен Jamaica Observer и беше прегледано десетици илјади пати, а под него гледачите се прашуваа зошто чуварот воопшто ги ставил рацете кај лавот.
Од управата на оваа зоолошка градина, од каде објаснија дека се работи за „несреќа што никогаш не требало да се случи“.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО!