Свет

CNN и Bloomberg News привремено ќе ја прекинат работата во Русија.

Тоа доаѓа откако претседателот Владимир Путин го потпиша законот со кој се наметнуваат затворски казни до 15 години за лица обвинети за ширење „лажни вести“ за војната во Украина.

„Промената на кривичниот законик, која се чини дека е дизајнирана да го претвори секој независен известувач во криминалец чисто преку здружување, го оневозможува продолжувањето на каков било привид на нормално новинарство во земјата“, рече главниот уредник на Блумберг, Џон Миклтвејт.

Портпаролот на Си-Ен-Ен рече дека ќе престане да емитува програма во Русија „додека ние продолжиме да ја оценуваме ситуацијата и нашите следни чекори напред“.

Би-Би-Си ги суспендираше своите операции во земјата претходно во петокот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни