Македонија

Д-р Беќаровски: Сите Вие кои со едно исто лажиче се причестивте, го обесчестивте трудот на белите мантили

Сите Вие кои вчера со едно исто лажиче по храмовите се причестивте, десетмесечниот деноноќен труд на белите мантили го обесчестивте, напиша на својот Фејсбук профил доктор Нико Беќаровски од Универзитетската клиника за токсикологија.

„Кога на 19 јануари ќе Ви требаат белите мантили, а не црните мантии, ние ќе се “бањаме” за да симнеме дел од потта под скафандерите и талкот под ноктите.

П.С. Отворете ги кафеаните, таму барем даваат едно лажиче за еден гостин.“ напиша д-р Нико Беќаровски на фејсбук.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни