Новите мерки за заштита од ширењето на коронавирусот што ги усвои Владата наидуваат на серија негодувања и реакции во јавноста. Со актуелните мерки не се согласува ниту доктор Никола Пановски.
„Не е тоа мој став, тоа е секаде во светот. Сите земји дозволуваат сертификат и по девет месеци, Швајцарија 12 месеци по прележување. Овде не знам, кој некој анонимен вика веднаш да се вакцинираат, задолжително по еден месец. Министерот вика – нема зијан. Јас кажувам дека тоа е штетно по здравјето, дека тие се имунизирани луѓе и дека треба да им се даде можност, ако сакаат нека се вакцинираат во првиот месец, меѓутоа да се вакцинираат во првите девет месеци како што е секаде во светот“ – истакна д-р Никола Пановски во изјавата за ТВ21.