Македонија

Д-р Стевановиќ: Пациентите заразени со британскиот сој имаат изразито висока температура

Пациентите заразени со британскиот сој на коронавирусот кој сега е подоминантен, имаат изразено повисока температура, изјави Милена Стевановиќ, директорката на Клиниката за инфективни болести за емисијата „360“.

Таа додава дека високата температура создава паника и страв кај пациентите.

„Што се однесува до различната клиничка слика, сега гледаме пациенти со многу повисоки температури. Објективно, тоа е причина што создава страв, паника кај луѓето, но тоа не се одразува со тешка клиничка слика, таков впечаток не можеме да издвоиме. Но, покачената температура како симптом се појавува. Особено, во споредба со претходниот период кога температурата не мораше да биде 39 или 40, туку напротив беа ниски температури и тоа беше карактеристика како симптом“, изјави Стевановиќ.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни