Македонија

Да не се палат огнови за Бадник, апелираат од Министерството за животна средина

Да не се палат бадникови огнови на отворено. Од Министерството велат дека овој апел го упатуваат за да се избегне дополнително загадување на воздухот.

„Ја поздравуваме одлуката на Град Скопје и општините во Градот да не донираат дрва за бадниковите огнови и во исто време апелираме до другите општини во државата да се приклучат кон оваа иницијатива“, велат од Министерството.

Ваков апел до скопјани упати и Град Скопје, а во соопштението се вели дека овој став е усогласен со градоначалниците на скопските општини, кои решиле да се откажат од доделување дрва од општините за Бадник за да се намали загадувањето на воздухот.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни