Министерот за надворешни работи Бујар Османи во „Клик Плус“ на ТВ21 одговори дали е точно дека Бугарија побарала промена на Уставот на Македонија.
„Не, не е точно. Таа информација не е точна дека е побарана промена на Уставот. Сакаме да бидеме транспарентни и инклузивни во однос на опозицијата. Јас сум спремен да комуницираме уште утре со опозицијата, за да ги информирам за сите детали“, додава Османи.
.
