Бугарската поддршка на патот на евро – интеграциите на Северна Македонија никогаш не била безусловна, изјавила ова утро шефицата на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева.
Условот е “добри меѓусоседски односи“ и ова не е услов само до Бугарија туку и од ЕУ, изјави Захариева.
На прашањето за условите од Бугарија пред одлуката на Европскиот совет, претседателот Стево Пендаровски не мисли дека источниот сосед ќе ја блокира Македонија.
За тоа како понатаму Бугарија или некоја друга држава членка на ЕУ ќе се однесува во текот на процесот на преговори, останува да се види откако ќе почнат преговорите.
Пред два дена, премиерот на Бугарија, Бојко Борисов рече дека членството на Македонија во ЕУ е важно но дека тоа не може да се случи на сметка на Бугарија. Бугарскиот претседател Румен Радев рече дека треба да се дејствува брзо во изградба на национален центар со јасни барања и критериуми кои ќе ги бранат националните интереси на Бугарија кои треба да бидат дел од преговарачката рамка за пристапување на РСМ во ЕУ.
