И двата начина на подготовка имаат предности и недостатоци.
Пржењето секако не е еден од најздравите начини за подготовка на храната, но вистина е дека многу луѓе сакаат вака приготвени деликатеси.
Во средината на 20 век, традиционалното пржење во животинска маст беше заменето со пржење во растително масло.
Многумина, пак, тврдат дека тоа не е најдобриот начин и дека пржењето на маснотии е многу поздраво, пишува Крстарица.
Вистина е дека мастите од животинско потекло содржат претежно заситени масни киселини и холестерол, па затоа не е лесно да ги сметате за дел од здравата исхрана.
Заситените масни киселини ја зголемуваат способноста на крвта да згрутчува, поради што нивната употреба не се препорачува за лица со одредени здравствени проблеми, како што се нарушувања на црниот дроб, гихт и болести на жолчните канали.
Исто така, докажано е дека луѓето кои консумираат главно масти од животинско потекло почесто страдаат од тромбоза и се повеќе склони кон срцеви и мозочни удари.
Од друга страна, во случаи како туберкулоза, неухранетост и атоничен запек, се препорачува умерено консумирање на животинска маст.
Свинската маст е важна за здравјето бидејќи содржи арахидонска масна киселина, која е неопходна и многу корисна за нашиот организам.
Незаситените масни киселини преовладуваат во растителните масла. Поради високата енергетска вредност, треба да внимавате на внесувањето на овие намирници во организмот.
Ладно цедените масла не содржат транс масни киселини, но тие се формираат при рафинирање и термичка обработка и хидрогенизација.
Најстабилни масла се палминото, маслиновото и маслото од канола (при пржење штетните соединенија како пероксид се формираат само на температура од 150 степени).
Во средината на минатиот век, многу нутриционисти веруваа дека растителното масло е поздраво од маснотиите и дека треба да се користи за пржење.
Сепак, подоцнежните истражувања покажаа различни резултати.
Професорот на Универзитетот Де Монтфорт во Лестер, Мартин Грутвелд, анализирал примероци од сончогледово масло во кое веќе била подготвена храна.
Тој открил дека пржењето храна 20 минути го зголемува нивото на алдехиди за дури 20 пати повеќе од максимално дозволеното ниво препорачано од Светската здравствена организација.
Акумулацијата на овие штетни материи може да доведе до разни болести, како што се дебелина, дијабетес тип 2, кардиоваскуларни заболувања, па дури и деменција, додека лекарите се почесто предупредуваат на рак.
Исто така, откриено е дека прекумерното консумирање на овие намирници може да доведе до таложење на маснотии во црниот дроб, што може да предизвика безалкохолен стеатохепатитис, што може да доведе до хипертензија, дебелина, синдром на хронична хипергликемија, атеросклероза и многу други здравствени проблеми.
Заклучок
Мастите се добар извор на арахидонска киселина, не содржат транс масни киселини и се постабилни на високи температури. Нивниот недостаток е високиот процент на холестерол.
Маслата, од друга страна, не содржат холестерол, но се богати со транс масни киселини, кои можат да го зголемат нивото на триглицериди во крвта.
Покрај тоа, растителните масла се нестабилни на високи температури, а некои научници веруваат дека сите масла стануваат канцерогени на високи температури, освен маслото од семки од грозје.
Затоа, имајте на ум дека пржењето и печењето храна не е добро за здравјето. Доколку сепак не можете да ги исфрлите маслото и мастите од исхраната, се препорачува да користите масти.