Свет

Трамп: Не ми е гајле ако преговорите со Иран пропаднат

Трамп: Не ми е гајле ако преговорите со Иран пропаднат

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно се огласи откако Иран објави дека ги прекинува сите комуникации со САД за постигнување мир, по нападот во Либан, и воведува целосна блокада на Ормутскиот теснец.

Трамп рече дека не го интересира ако разговорите со Иран пропаднат.

„Искрено, не ми е грижа дали се завршени. Навистина не ми е грижа. Воопшто не ми е грижа“, изјави тој за CNBC.

Трамп додаде дека не е загрижен ниту за зголемувањето на цените на нафтата.

„Мислам дека цената на нафтата ќе падне како карпа во многу блиска иднина.“

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни