ДАЛИ ПУТИН ТИ ГО ИСПРАТИ? По аферата со масата, Констракта сега се прозива поради една жена и ЈАЈЦЕ! (ФОТО)

Откако на социјалните мрежи се крена вистинска врева поради велигденската фотографија на Констракта, сега многумина забележаа уште еден детал поради кој ја прозиваат.

На почетокот луѓето како проблем ги гледаа масите на кои се ставени велигденските јајца и ловорот на Констракт. Како што се наведува, мебелот наводно личи на латинската буква „З“, која е забранета во многу европски земји бидејќи со тој знак се означени руските воени возила во Украина.

Се вчитува...

Поради ваквата поврзаност на работите, на Твитер настана сериозна забуна, а сега се зборува за ликот на жена која е насликана на јајце кое е на „спорната маса“.

„Дали Путин ти го испрати тоа јајце“, се дел од коментарите на Твитер, очигледно алудирајќи дека тоа е руската кралица.

Меѓутоа, велигденското јајце на левата страна на Констракта ја прикажува кралицата Елизабета од Австрија, кралицата на Франција, така што сценографијата нема никаква врска со Русија или нејзината моментална инвазија на Украина.