Одлучил сам и без коалиција да излезе на изборите на 12 април, но предусловите на лидерот на ДПА, Мендух Тачи за коалиција со СДСМ остануваат истит: Влада без ДУИ и тој да биде вицепремиер. И покрај ваквата изјава, Тачи вчера во емисијата Клик Плус, рече дека ДУИ има отворен пат за соработка.
ТАЧИ: И ДУИ не ја третирам како непријател. Доколку ДУИ сака да разговара со ДПА, нека го има предвид вториот услов.
ТВ21: -Предусловот за вицепремиер?
ТАЧИ: Да.
ТВ21: -Првиот предуслов паѓа, бидејќи без ДУИ . . .
ТАЧИ: Да, секако“
Од ДУИ не прифатија да ни одговорат за предлогот на Тачи.
Лидерот на ДПА откри, како што вели и една желба на СДСМ.
„Желбата на СДСМ е Влада во која ќе ја нема ДУИ“, рече Тачи.
Социјалдемократите не кажуваат дали ја сакаат ДУИ во вториот мандат доколку останат на власт и по 12 април.
Портпаролот, Костадин Костадинов, рече дека за нив се уште е рано да зборуваат за предизборни или после изборни коалиции.
Тачи вчера откри дека попрво би сакал да коалицира со СДСМ отколку со ВМРО-ДПМНЕ поради тоа што, како што рече, СДСМ е подготвена да зборува за посериозни теми поврзани со политиката и меѓуетничките односи во земјава.