На новинарско прашање за тоа дали се очекува судот да го прифати барањето за притвор на Мухамед Зекири, обвинителката Катерина Коларевиќ посочи дека кога се поднесува предлог за некаква мерка, се очекува истата да биде прифатена.
„Обвинителството секогаш кога поднесува предлог за некаква мерка, реално очекува од судот таа да биде прифатена. Инаку не би ја поднела таа мерка како предлог“, вели таа.
Во однос на тоа како ќе бидат пронајдени двајцата хрватски државјани, обвинителката посочи со потерници.