Дали сепак ќе ја гледаме Саманта Џонс во продолжението на „Сексот и градот“?

Дали е можно Ким Катрал (Самата Џонс) да ја видиме во новото продолжение на „Сексот и градот“?

Извори од продукцијата велат дека продолжението кое сега носи назив „And Just Like That“ веќе добива толкав интерес што Сара Џесика Паркер планира да ја продолжи мини серијата на неколку сезони.

„Продукцијата на серијата досега постигна голем успех, и бидејќи одговорот на фановите е позитивен, извршните продуценти Мајкл Патрик Кинг и Сара Џесика Паркер бараат повеќе од првобитниот план, кој требаше да биде само 10 епизоди“, вели извор за „Дејли Меил“.

Изворот додава дека со оглед на тоа што HBO Max наскоро ќе објави втора сезона, вратата е отворена и за Ким Катрал, ако сака да се врати како Саманта Џонс.

Инаку, серијата првично беше замислена како серија од десет епизоди што треба да се емитува на HBO Max, која го следи средовечниот живот на главните ликови (освен Саманта) во Њујорк.