Македонија е една од ретките земји каде што серитфикатот за прележаност има важност од само 45 дена.
Иако имаше голем притисок од јавноста, дека тоа треба да се продолжи како во останатите европски земји, на три или шест месеци сепак здравствените власти немаа слух за тоа.
Вчера, на новинарско прашање, дали во овој период се разговарало за промена на тие 45 дена, министерот за здравство Венко Филипче одговори:
„Не, во овој период нема нова препорака за промена на важноста на сертификатот за прележаност“, изјави Филипче.
Инаку од Министерството за здравство, најавија дека од октомври, таму каде што сега можеше да се влезе со една доза вакцина, ќе биде задолжително со две дози на вакцина.