„Сите сме деца на Илинден“ е слоганот под кој се одбележа 116-годишнината од Илинденското востание. Историчарите со различни мислења околу тоа дали навистина сите сме деца на ова востание. Александар Стојчев го поддржува слоганот и вели дека идејата на востаниците била обединување на сите против режим, каков што била Отоманската империја, но како што раскажува, тоа не значело борба против Турците.
Слоганот „Сите сме деца на Илинден“ не „држи вода“ вели историчарот Арбен Лала. Додава дека овој израз ѝ служел само на југословенската политика за креирање на мултиетничка Македонија, а кој се користи и од страна на денешната.
Инаку, Илинденското востание започна на 2-ти август 1903 година со вооружени акции против Отоманската империја.
РЕПОРТЕР: БЕСИР АРИФИ