Современиот начин на живот наметнува како никогаш досега во историјата дека човекот треба да има огромни суми на пари за да ги исполни сите потреби и обврски, но сите знаеме колку е тешко да се постигне тоа…
Без разлика во која земја живеете, потребно е многу работа, напор и посветеност за да се достигне богатство, и често е пеколно тешко, особено кога се борите низ животот сами, без надворешна финансиска помош.
Сепак, не сите милионери се родени во богати семејства и многумина дојдоа на дебела банкарска сметка од ништо, но како и овие, и тие што пораснале во свила и кадифе имаат едно правило кога станува збор за располагање со пари, пренесува „Форбс“.
Имено, повеќето од богатите наводно веруваат во овој став, а тоа се однесува на фактот дека повеќе би размислувале да купите скапа и луксузна ставка, отколку да купувате неколку ситници.
Исто така, кога ќе одлучите да купите нешто, не треба да се двоумите – само почекајте еден ден пред конечното купување и размислете за што давате пари, па ќе избегнете импулсивно купување.
Исто така, потребно е да си го поставите најважното прашање после тие 24 часа – дали го сакате она што го купувате или навистина ви треба. Ова ќе ве направи посмирени, а вашиот паричник подебел.
